Новакод може да обезбеди посветени тимови кои одговараат на вашите потреби. Повеќето од нашите клиенти доаѓаат од различни индустрии кои нарачале продукти кои ги решаваат нивните оперативни проблеми. Исто, имаме и клиенти кои се компании за развој на софтвер што зборуваат на ист технички јазик како и ние. Нашите талентирани колеги имаат големо влијание во обликувањето на идните апликации, производи или услуги на нашиот клиент.
Ние сме фокусирани на привлекување професионалци со однапред определно ниво на вештини и искуство. Бараме нови колеги кои ги споделуваат нашите основни вредности и кои можат да понудат разновидност и нови идеи. Бараме соиграчи со иновативен дух и активно бараме промена наместо да се прилагодиме на сегашното опкружување. Ние го негуваме тој дух и го промовираме како позитивен начин на размислување што вклучува критичко испитување, креативно и континуирано подобрување. Истото им помага на нашите клиенти да создадат најдобри софтверски производи или производи кои се комбинација од хардвер и софтвер.
Нашата компанија е специјализирана за развој на динамични софтвери. Од советување за технологија до деловна анализа, развој на апликации, квалификации за квалитет, одржување и интеграција, нашите тимови можат да му помогнат на вашиот бизнис да постигне максимална рентабилност со дигитални решенија.
Во соработка со Макаларм , компанија која има огромно искуство во дизајнирање и имплементација на хардверски решенија, ние сме во состојба да ги направиме истражувањата, дизајнирањето, развивањето и тестирањето на технологии и компјутерски системи и компоненти како што се процесори, плочи, мемориски уреди, мрежи, рутери и друга технологија од опсегот на техничка безбедност. Нашите инженери откриваат нови насоки во градењето хардвер и можат да генерираат брз напредок во која било технологија.
Нашата компанија може да изгради тим за развој на софтвер кој станува дел од вашата компанија и управуван од вас - со наша помош. Добивате поквалитетен производ направен од посветени и продуктивни вработени кои чинат помалку споредбено доколку би биле диркетно вработени од вас.